Музеи
Речиси сите населени места во Малешевијата имаат барем една добро сочувана или обновена црква. Тие се со различна историска и културно-уметничка вредност, исполнети со прекрасен иконостас составен од врховните Малешеви мајстори, украсен со оригинални и уметнички вредни икони. Иконостасните икони, како и другите икони во сопственост на црквите, се регистрирани од Заводот за заштита на спомениците и се заштитени со закон.
Природата
Скриен во падините на Малешевијата, Берово и неговата околина беа домаќини на десетици гости кои решија оттаму да го започнат развојот на алтернативниот туризам во земјава. Иницијатор на идејата е Здружението за балкански алтернативен туризам – Балканија, во кое освен Македонија членуваат Бугарија, Србија, Грција, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Италија. Балкански викенд за прв пат организираше Форум за алтернативен туризам, во чии рамки Берово беше избрано како почетна дестинација од Македонија токму поради одличните предуслови за развој на овој вид туризам.