Знаменитости

Берово е сместено во Малешевијата, на крајниот источен дел на Македонија, на двата брега на реката Брегалница. Според една од легендите градот Берово името го добил кога луѓето од околните села и населби почнале да се ‘берат’ во Малешевската котлина.

Музеj

Речиси во сите населени места во Малешевијата постои барем по една добро зачувана или пак реновирана црква. Истите се со различна историска и културно – уметничка вредност, исполнети се со прекрасни иконостаси, напрвени од врвни Малешевски мајстори, украсени со оригинални и уметнички мошне вредни икони. Иконите на иконостасите, како и другите икони во сопственост на црквите, се евидентирани од страна на Заводот за заштита на споменици и се заштитени со закон.

Природа

Вистински одмор надвор од урбаниот хаос. Oна што Берово го нуди едноставно треба да се види,  да се доживее,  да се почуствува. Затоа ако сакате вистински одмор далеку од градските бучави, во прекрасна природа, чист воздух и многу други убавини кои може да ви ги понуди нашиот град, тогаш повелете во Берово. Вашиот престој овде ќе биде исполнет со прекрасни моменти и топло добредојде од нашите граѓани. Недопрената природа, традицијата, културата, единствените вкусови на храна, сигурно ќе ве натераат да останете уште ден-два повеќе. Својот комфорт можете да го најдете во рамки на  трите туристички населби, со прекрасни предели за прошетка, спорт и рекреација, за излет со добро друштво или собирање шумски плодови и чаеви кои ги има во изобилство.

Мeсто за одмор

Можете да бидете сместени во преубавите викендици или во хотелите во традиционален стил во кои ќе можете да поминете прекрасни и незаборавни моменти.Може да наидете на бачила односно планински колиби каде што на традиционален начин се одгледуваат овци и изворно да ја видите подготовката на надалеку познатото Малешевско сирење.Ако еднаш дојдете во Берово, сигурно ќе посакате и повторно.