Берово е оддалечено 170км од Скопје и има централна поставеност во однос на три аеродроми- во Скопје, Софија и Солун.
До Берово може да стигнете со автомобил користејќи ја источната магистрала, преку Штип, Кочани, Виница.

www.visitberovo.com.mk

Од Р. Бугарија до Берово може да се дојде преку два гранични премини:
• Од преминот Делчево (45км) и
• Од преминот Ново Село кај Струмица (76км)
Граничниот премин Клепало е на само 16км од Берово и се очекува наскоро да биде пуштен во употреба.
Од Скопје кон Берово и обратно има автобуски линии повеќе пати во текот на денот. Од Берово до Струмица и обратно има автобуски линии секој ден.

www.visitberovo.com.mk