Колибарење

Информација

  • Средна

Опис

Колибарењето е посебен феномен, кој во Малешевијата се должи од потребата земјоделците да го зголемат фондот на обработливото земјиште надвор од рамничарскиот дел. Колибите кои се граделе од цврст материјал, се обиколени со плевни, кошари, фурни за печење леб и задолжително со извор за вода. На колибите се престојувало во текот на целата година. Лете тука обично биле сите возрасни работоспособни членови на семејството, а зиме останувале постари луѓе кои ја чувале и ја хранеле стоката и ги објагнувале овците. Преку лето овците се носеле на пасење. Истите обично се групирале во стада (булуци). Тие се молзеле во одредено време, а од млекото се правело сирење и урда. Се организирало и стрижење на овците, т.н. стриг, што претставувало мала свеченост.
Вакви традиционални бачила се уште може да се сретнат по Малешевските планини, а неколкуте маркирани пешачки патеки на територијата на општината може да ве одведат до некои од бачилата кои се посебна атракција за посетителите .
27